Министерот за надворешни работи, Никола Поповски два дена ќе биде во посета на Израел.
Поповски таму ќе се сретне со заменик министерот за надворешни работи, Тципи Хотовели и ќе се обрати пред Израелскиот совет за надворешна политика и Светскиот еврејски конгрес на тема „Случувањата на Блискиот Исток и нивната рефлексија во Југоисточна Европа: Македонски погледи“. Министерот ќе има посета на Еврејската агенција, а во пресрет на Денот на сеќавање на депортацијата на Евреите од Македонија, во име на Владата ќе положи венец во Холот на сеќавањето на Меморијалниот центар „Јад Вашем“.
