Поповски: Владините мерки за самовработување вродиле со плод
Владините мерки за самовработување кои имаат за цел намалување на бројот на невработените во државата даваат резултати, вели директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.
На синоќешната трибина во Кавадарци, тој истакна дека најмногу резултати дава мерката преку која се основаат нови мали претпријатија со самовработување преку грант.
„После пет шест години од користењето на оваа мерка, 71 процент од фирмите кои се формирале се ликвидни. Во нив се зголемува бројот на вработени. Во цела Македонија има 17 компании кои почнале со самовработување и достигнале до по 15 вработени. Секој што има добра бизнис идеја и добро избран бизнис план, спремен е за бизнис, секогаш има успех“,посочи Поповски споменувајќи ги притоа сите мерки кои досега биле спроведени како кредитирањето за самовработување, обуката за познат работодавач, практикантството за млади до 27 годишна возраст, субенционирањето и обуката за дефицитарни занимања .
„Имаме лепеза на производи, поволности кои се нудат за поттикнување на вработувањето, се со цел секој невработен да си го најде своето место, истакна директорот на Агенцијата.
За време на својата посета на кавадарци тој соопшти и дека засега околу 300 лица нашле вработување во германската компанија „Дрекслермаер” , а за 2013-та, најави Поповски, ќе бидат опфатени многу поголем број невработени.
Слично
