Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поповски: Продолжува позитивниот тренд на намалување на невработеноста

Поповски: Продолжува позитивниот тренд на намалување на невработеноста
Агенцијата за вработување на Република Македонија води евиденција на невработени лица согласно законските прописи, ова во инатервју за МИА го истакна Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Тој додава дека со состојба од 31 октомври 2012 година во Агенцијата за вработување евидентирани се 246.841 невработено лице. Во однос на јануари годинава бројот на евидентирани невработени лица бележи намалување за 33.777 лица. Потенцира дека трендот на намалување на бројот на невработени лица, кој се забележува во последните неколку години, продолжи и во текот на 2012 година.Додека според него  политиката и стратегијата за вработување утврдени во повеќе стратешки документи, согласно предвидената Програма за работа на Владата, имаат големо влијание на позитивниот тренд на намалување на бројот на невработени лица. На прашањето какви активности се преземаат за да се намали невработеноста во земјата, Поповски одговара дека Агенцијата за вработување има значајна улога и голема одговорност со своите активности успешно да придонесува во намалување на невработеноста, односно преземање мерки и активности кои ќе придонесат да се зголемат вештините на лицата кои активно бараат работа, да се зголеми нивната конкуреност на пазарот на трудот со што ќе се зголемат нивните можности за побрзо вработување. Во таа насока со законски измени во Агенцијата почна да се применува двојна листа на евиденција на невработени лица, со цел да се издвојат оние кои навистина бараат работа. Според него во изминатите шест години се спроведени и многу програми кои помагаат за намалување на невработеноста, меѓу кои и Програмата за самовработување, Програмата за поддршка за дополнителни вработувања, Субвенционирање на вработувања, кои според Поповски се програми кои имаат за цел намалување на невработеноста преку започнување сопствени бизниси или отворање нови работни места, како и стимулирање на побарувачката на работна сила на пазарот на трудот.Според него Програмите за подготовка за вработување (обука, преквалификација, доквалификација кај познат работодавач, обука за одделни занимања  се програми побарувани на пазарот на трудот, обука за работните клубови за стекнување знаења и вештини, програма за практиканство. Бидејки нивтата цел  е  стекнување и дополнување на знаењата и вештините на невработените лица заради зголемување на  нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот.   За ефектите од спроведените мерки Поповски вели дека од досегашната реализација на наведените програми и мерки за вработување, може да се утврди голема заинтересираност на невработените лица за вклучување во овие програми, како и успешна реализација на планираниот опфат на корисници. Тој истакнува дека мерките кои водат до директно вработување, како што се самовработувње, дополнителни вработувања и субвенционирање, искористеноста е 99,5 проценти и се завршени, мерката за подготовка за вработување, меѓу кои се практиканство, обуки за преквалификација и доквалификација дел се завршени, а дел се во тек. Реализацијата е од 26 до 85 отсто. Потенцира и дека во тек е мерката за работно ангажирање невработени лица и мерките за самовработување со кредитирање и вработување инвалидни лица кои континуирано се спроведуваат.Додека  со ИПА 49 директен грант на Агенцијата за поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени опфатени се над 8.400 лица. А во тек е и процес на изготвување оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2013 година.
Слично

Поврзани вести