Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поповски: Нека победи најдобриот!

Поповски: Нека победи најдобриот!
Очекувам коректни, фер избори, да се изрази навистина слободната волја на граѓаните. Се надевам дека ќе нема притисоци врз нивниот личен избор, изјави Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ за претседател на Република Македонија, откако гласаше на избирачко место во ОУ „Братство“ во општина Карпош. „Нека победи најдобриот. Тој што има најмногу гласови, тој што ќе добие поддршка од граѓаните. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви недоразбирања и  проблеми. Денеска, исто така, во фамилијата е убав ден, затоа што мојот син првпат има право да гласа и денеска ќе го оствари своето право“, рече Поповски.
Слично

Поврзани вести