Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поповски: Македонија ќе прифаќа само бегалци кои ги сака ЕУ

Поповски: Македонија ќе прифаќа само бегалци кои ги сака ЕУ

Македонија ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги искористи сите средства за заштита на границата и за совладување на неконтролираното преминување на границата, и ќе ги насочува мигрантите кон местата каде можат да бидат регистрирани.

Ќе понудиме помош и пункт за сите мигранти од земјите од воените зони кои транзитираат низ Македонија и можат да бидат прифатени во земјите од ЕУ. За овие лица има капацитет за ограничен престој. Мигрантите од економска природа нема да се пропуштаат.

Ова е ставот кој министерот за надворешни работи Никола Попоски го изразил пред амбасадорите во земјата, со кои имаше средба во Министерството за надворешни работи.

„Македонија не може да ги отвори вратите за оние кои ЕУ нема да ги прифати, пред се поради тоа што тие не доаѓаат да живеат во Македонија“, истакнал Попоски.

Слично

Поврзани вести