Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попови, наставници, пензионери копаат криптовалути во БиХ

Попови, наставници, пензионери копаат криптовалути во БиХ

Луѓе од различни возрасти и професии копаат криптовалути во БиХ. 

Интересот за рударење и тргување со криптовалути во БиХ постојано расте.  Ова го тврдат експерти од областа на криптовалутите кои во интервју за „Независне новине“ велат дека во БиХ не постои законска регулатива што ја дефинира оваа област, но тоа не значи дека трговијата со оваа валута не подлежи на други законски прописи.

Никола Клак, основач и директор на менувачницата BCX (Balkan Crypto Exchange) во Бања Лука, потврди дека во моментов во државата не постои законска регулатива која го регулира ископувањето криптовалути.

Девет држави, меѓу кои и Кина, целосно ги забранија криптовалутите, а други 42 земји воведоа ограничувања што ја отежнуваат употребата на критовалутите. Бројот на земјите што ги забранија криптовалутите е повеќе од двојно зголемен во однос на 2018 година.

Слично

Поврзани вести