Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попова Шапка доби снежна покривка

Попова Шапка доби снежна покривка
Снег на повисоките места веќе неколку дена има низ Македонија, а на Попова Шапка веќе се оформи и снежна покривка. На социјалните мрежи веќе можат да се видат првите фотографии од снегот. Според метеоролозите, од утре не очекува стабилизација на времето, но температурите и понатаму ќе бидат ниски - на места и под нулата. До крајот на денов не очекува претежно облачно, студено и ветровито време, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер и значителен пораст на воздушниот притисок. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, кои на повеќето места ќе бидат под нулата, објави УХМР.
Слично

Поврзани вести