Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски:За договорот за добрососедство рокот не треба да е приоритет

Попоски:За договорот за добрососедство рокот не треба да е приоритет

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски вели дека многу поважно од самиот договор за добрососедство со Бугарија е начинот на кој ќе дојдат до него.

Според него, рокот не треба да е приоритет, туку партнерството во ЕУ рамки.

Од двете страни се трудиме да ги разбереме грижите на другиот на отворен начин, додава министерот.  Историски, во Македонија имаме чувство дека кога соседите ни бараат нешто, сакаат да ни ја земат душата, а ние сме народ со достоинство и не сме воодушевени кога добиваме таков впечаток, изјави Попоски во интервју за бугарски „Стандард“.

„Можеби политичките превирања кои се случија во двете земји не направија сите помудри и повеќе посветени на долг рок да си создаваме искрени пријателства. Ова е Балкан, не е Скандинавија. Но, без оладување на главите ќе се оддалечиме уште повеќе од Скандинавија со менталитет и со економски стандард. Второто е поголем проблем. Затоа треба одлучно да се посветиме на градење добра клима меѓу нас и во регионот, зошто тоа и ќе ни помогне да донесеме инвестиции и работни места. Тука Бугарија и Македонија се со потполно ист интерес“- вели Попоски.

Тој смета дека објективно имале доста темни периоди со чувство дека успех за Бугарија е да се уцени Македонија.

Слично

Поврзани вести