Попoски во Брисел се сретна со грчкиот колега Венизелос
Македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Попоски и Евангелос Венизелос, денеска во Брисел, на иницијатива на македонската страна, ја остварија својата прва тет-а-тет средба. Како што информира Канал 5 телевизија, средбата траела нешто повеќе од половина час.
Официјално, двајцата колеги разговарале за прашањата од заеднички интерес, во рамките на познатите позиции на двете страни.
„Потпретседателот на владата и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос и министерот за надворешни работи на ФИРОМ, Никола Попоски, се сретнаа денеска во Брисел во рамките на Советот за надворешни прашања на ЕУ. Господата Венизелос и Попоски ги разгледаа прашањата од заеднички интерес во рамките на познатите позиции на двете страни“, се наведува во краткото соопштение од грчкото МНР.
Слично
