ПОПОСКИ ВО БРИСЕЛ: Прва средба со новиот еврокомесар Хан
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел за првпат ќе се сретне со новоназначениот еврокомесар за европско соседство и преговори за проширување Јоханес Хан.
Ова воедно ќе биде и прва средба на Хан со претставник од земјите аспирантки за членство во ЕУ откако ја презеде новата должност од неговиот претходник Штефан Филе. За разика од Филе, кој беше надлежен само за проширувањето, Хан во својот мандат ќе се посвети и на земјите од европското соседство.
При изборот на функцијата најави дека иако започнатите процеси за евроинтеграција ќе продолжат, сепак во овој 5-годишен мандат на Европската комисија нема да има прием на нови земји-членки во Унијата.
Следната недела е предвидено Хан да допатува на Балканот, каде ќе ги посети Србија и Црна Гора, како земји-кандидатки за членство, но засега нема планирана посета на Македонија.
Попоски е во Брисел од вчера и веќе оствари средби со неколкумина европратеници од новиот состав на Европскиот парламент, на кои им порачал дека ЕУ треба да ја преземе одговорноста во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Македонија. Предвидено е шефот на македонската дипломатија во Брисел да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“.
Еве како Попоски вчера ја објасни целта на својата посета на Брисел:
http://www.youtube.com/watch?v=7yr7_Nitn2Y
Слично
