Попоски се сретна со Венизелос: Името не е приоритет за Грција
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк се сретна со неговиот грчки колега Евангелос Венизелос.
По средбата, Попоски изјави дека добил впечаток оти прашањето за името не е приоритет за грчката страна и оти кај официјална Атина не постои интерес ова прашање да се реши.
Но, наспроти ова, Грција била заинтересирана за билатерални проекти со Македонија во инфраструктурата и економијата.
„Се разбира дека наша страна беше потенциран интересот за суштински разговори за придвижување на процесот. Мислам дека во делот на одговорот немаме никакво изненадување, бидејќи сепак се работи за ситуација во која грчкиот интерес е на исклучително ниско ниво. Беше констатирано дека останува разликата во делот на мотивираност за надинување на наметнатиот спор околу името, односно во Грција таа мотивираност е се уште не прилично ниско ниво, на исклучително ниско ниво. Во другиот дел на разговорот беше изразен интерес дека постои желба кај грчката страна за интензивирање на проекти за билатералана соработка, било да се работи во делот на инфраструктурата, економската соработка, или за заеднички проекти во европски конктекст и во билатерален контекст“, вели Попоски.
Според уверувањето на шефот на македонската дипломатија, и меѓународниот фактор согледувал дека во моментов кај грчката страна не постои интерес за надминување на клучното прашање меѓу двете земји - спорот околу името.
Слично
