Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски се сретна со помошник генералниот секретар на ОН Султаноглу

Попоски се сретна со помошник генералниот секретар на ОН Султаноглу

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со  Џихан Султаноглу, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации и директор на регионалната канцеларија на УНДП за Европа и Зедницата на независни држави.

На средбата, како што информира МНР, е изразено взаемно задоволство од одличната соработка меѓу Министерството за надворешни работи и претставниците на ОН во земјата. Разменети се мислења и за тековните активности од соработката со УНДП и подготовката на новата Рамка за развојна соработка „Партнерство за одржлив развој-Стратегија на ОН за 2016-2020“.

Султаноглу оддала признание за партнерството меѓу македонската Влада и УНДП за прашањата за вработување и јакнење на социјалната кохезија. Таа нагласила дека ова било посочено како успешен пример и во нејзиното обраќање на дводневната регионална конференција за вработување и социјална инклузија во ЈИЕ и Турција.

Соговорниците се согласиле дека има и други успешни примери од заедничката соработка и оти начините како Република Македонија ги решава развојните прашања може да бидат споделени преку мрежата на УНДП.

Слично

Поврзани вести