Попоски: Преговори со Македонија за стабилен и просперитетен Балкан
Отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, е фактор за обезбедување на долготрајна стабилизација и просперитет на Балканот, смета министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
“За тоа сведочи и седмата последователна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, долгогодишните реформи како и одговорноста што ја покажуваме при справувањето со мигрантската криза“ - изјави Попоски на вчерашниот неформален министерски состанок во Виена.
Министерскиот состанок го отворил австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евро-атланскиот интегративен процес, информираат од МНР.
Еврокомесарот за проширување за Македонија, Јоханес Хан повтори дека успешно спроведување на изборите во јуни и фокус на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите.
Слично
