Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Поради бегалците може да дојде до судири меѓу соседите!

ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Поради бегалците може да дојде до судири меѓу соседите!

Министерот за надворешни работи Никола Попски повика на зголемено внимание на Балканот поради притисокот на беглаците како не би дошло до судири меѓу соседите.

„Мoра да бидеме внимателни за да не дојде до судир меѓу соседите“, наведе тој по повод на одлуката Македонија, покрај Србија, Словенија и Хрватска, да наметне дневни ограничувања за бројот на бегалци на кои им е дозволено да влезат во земjaва, рекол Попоски во интервју за германскиот економски дневник „Handelsblat“.

Тој објаснил дека „Словенија ги враќа илегалните мигранти во Хрватска,  Хрватска во Србија, а Србија во Македонија“.

Попоски во интервју за БиБиСи оценил дека македонската полицијата исправно постапила во понеделникот кога исфрли солзавец на границата со Грција.

„Мора да имаме систем и најголем проблем е што изгледа дека тој систем не функционира. Еден од нас, затоа, мора да го преземе својот дел од одговорноста на своја територија“, наведува тој.

Неколку илјади луѓе, повеќето од Сирија и Ирак, и понатаму се „заробени“ на грчкаta граница со Македонија бидејќи Скопје драстично го намали бројот на мигранти на кои им е дозволен премин на границата. Уште стотици нови мигранти дневно пристигнуваат од Турција.

Слично

Поврзани вести