Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски:Последните настани се позитивни сигнали да се вратиме назад на ЕУ и НАТО агендата

Попоски:Последните настани се позитивни сигнали да се вратиме назад на ЕУ и НАТО агендата

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Брисел, се сретна со помошникот-државен секретар на САД за европски и евро-азиски прашања, Викторија Нуланд.

Воедно Попоски се сретна и со шефовите на дипломатиите на Германија,  Франк-Валтер Штајнмаер, на Турција, Мевљут Чавушоглу, на Унгарија,  Петер Сијарто на Грција, Никос Коѕијас и  на Бугарија, Даниел Митов. Попоски изјави дека евро-атлантската агенда и кризата во Македонија биле главна тема во дискусиите. Тие заклучиле дека Македонија треба да се врати назад на ЕУ и НАТО агендата.

„Раговаравме за нашата европска и евро-атлантска агенда. Аспирациите на Македонија се час поскоро да бидат остварени ветувањата што со години наназад ги имаме добиено од двата клуба за отпочнување на процесот на преговори со Европската унија и за членството во НАТО, што веќе подолго време се одложува. Во изминатиот период станавме на некој начин и жртва на дискусии што во определен временски рок ни ги оддалечуваат тие амбиции, односно го одложуваат периодот кога тоа може да се случи“-  вели Попоски.

Повеќето од земјите-членки на НАТО ја разбираат важноста за стабилен Балкан и стабилен регион преку стабилна Македонија, додава Попоски.

Слично

Поврзани вести