Попоски: Политичката криза има своја цена, затоа е потребно одговорно однесување
Политичката криза има своја цена и затоа е потребно одговорно однесување на сите политички чинители, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски на средбата со новинари по повод одржувањето на претстојната Париска конференција за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.
Тој вели дека ако го одржиме фокусот на спроведување на идните реформски приоритети без оглед на напредокот во политичкиот дијалог, ќе докажеме дека Македонија има капацитет да води преговори со ЕУ, при што оценката за тоа ќе ја донесе Европската комисија.
„Пристапот треба да биде ист без оглед на нивото на внатрешните несогласувања“-изјави Попоски.
Антоан Грасин, францускиот амбасадор за организирање на Парискиот самит за Западен Балкан, истакна дека ќе се разговара за економијата, инфраструктурата и мобилноста на младите.
На денешната средба беше најавено дека ќе биде отворена канцеларија за млади која ќе биде врската помеѓу младите и земјите од Европската унија. Инаку, самитот „Париз-Западен Балкан 2016“ треба да се одржи на 4 јули во Париз.
