Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски од Тетово: Не подлегнувајте на лажниот патриотизам

Попоски од Тетово: Не подлегнувајте на лажниот патриотизам

На денешниот народен собир на владеачката парија имаше говор и министерот за надворешни работи Никола Попоски кој потенцираше дека  нивниот предизвик е да не се подлегне на лажниот патриотизам и храброст и да се успее во она што граѓаните ја имаат дадено довербата на оваа влада на чело со Никола Груевски.

-Овие луѓе кои се денеска во Тетово се избрани затоа што им се оценети делата и тие дела се тоа што ги доведе на власт. Власта ја црпи својата енергија од народот во Македонија, од вас тука- посочи Попоски од Тетово, од четвртиот народен собир на ВМРО ДПМНЕ.

 Има луѓе кои не и мислат добро на Македонија. Тие луѓе се среќни кога ќе направат поделби- брат со брата да се мрази. Говорат за храброст и патриотизам, но доушништвото и предавството не е патриотизам. Ќе се препознаат тие кои се.

Тој потенцираше дека македонскиот народ секогаш имал опции.

-Овие луѓе тука пред вас во салава во Тетово сметаат на вас, на народот, на посветена работа, на отворање нови работни места... Сите патриоти имале приоритети, нашиот е да не подлегнеме на лажни патриоти и да ја оправдаме довербата која народот ни ја дава, додаде Попоски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Попоски, ја црпи енергијата од народот на Македонија, така било, така и ќе биде.

Слично

Поврзани вести