Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: Не е јасно зошто вчера протестираа новинарите

Попоски: Не е јасно зошто вчера протестираа новинарите
Министерот за надворешни работи на Република Македонија по денешната средба со неговиот колега од Австрија, Себастијан Курц, истакна дека не било јасно зошто вчера имало протест на новинарите кога лицето за кое се потестирало било пуштено на слобода. Според него погрешно е да се носат заклучоци врз осново на еден случај и врз тоа да се формира целосната слика. „Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот, бидејќи сите беа информирани дека споменатото лице е на слобода. Мислам дека би било погрешно да носиме заклучоци врз основа на еден случај за целокупната слика, рече денеска Попоски на заедничката конференција за печато со неговиот колега од Австрсија, Себастијан Курц кој е во посета на Скопје. Според Попоски реформите во медиумската сфера треба да продолжат, и нагласи дека треба да биде јасно оти сите  учесници во процесот имаат свои одговорности. Новинарот Томислав Кежаровски неодамна беше осуден на две години затвор од Апелациониот суд, а по не цели 24 часа беше експресно сместен во затвор на што реагираа неговите колеги новинари. Сепак вчера, неколку часа пред самиот протест кој го организираше Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, тој беше привремено пуштен на слобода, а објснувањето од затворот беше дека Кежаровски е надвор поради влошено здравје. Тој подоцна го демантираше тоа.
Слично

Поврзани вести