Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: Нападот на Куманово имал политичка агенда

Попоски: Нападот на Куманово имал политичка агенда

Шефот на дипломатијата Никола Попоски изјавил дека зад настанот во Куманово стои група чии водачи се криминалци, а чија планирана политичка агенда на наишла на поддршка, и не може да се спореди со бунтот на Албанците од 2001 година.

Тој во интервју за виенски дневник „Prese“ рекол дека е завршена полициската акција во Куманово, која била насочена против терористичката група со криминална позадина.

Според неговите зборови запленета е голема количина наоружување, убиени се 14 членови на оваа група, а тројца се уапсени.

Попски истакнува дека операцијата на полицијата била многу ризична, што покажува и фактот дека се убиени осум а повредени 37 полицајци.

Оваа група била активна во пограничниот регион помеѓу Македонија и Косово. Тие веќе нападнале една караула и сега очигледно планирале напади на локални институции во Македонија, објаснува тој. Попоски додал дека пет досега идентификувани водачи биле познати криминалци , дека постојат досиеја за нив, на пример за вооружен грабеж, а дека повеќето од нив се од Косово, меѓутоа во групата имало и македонски и албански државјани.

Можеме да потврдиме дека делови од таа група во минатото биле активни во УЧК во Македонија , но и во Косово. Очигледно се обиделе да добијат политичка поддршка за својата активност, но не ја добиле од локалните жители, констатирал тој.

Нај.станите во Куманово предизвикаа голема загриженост кај сите. Изгледа дека разбиената група имала и политчка агенда, но на среќа никој не ја поддржал, така ни политичките актери на албанската заедница во Македонија, нагласил то

Попоски подвлекува дека не треба да се биде наивен и да им се даде простор на екстремистичките групи, но и дека ниеден сериозен политички актер во земјата не сака да се впушти во авантура, бидејќи никој не сака нов конфликт на политичка, верска или етничка основа.

Целото интервју може да го прочитате на овој линк.

Слично

Поврзани вести