Попоски на средба со Дачиќ во Белград
Економската соработка меѓу Македонија и Србија напредува, оцениле шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и српскиот премиер во заминување Ивица Дачиќ. Попоски денеска во Белград остварува средби со српскиот државен врв.
Дачиќ нагласил дека Владата на Србија смета оти инфраструктурното поврзување на патните и железнички правци на двете земји се од посебно значење, како и поврзувањето на системот за пренос на електрична енергија.
Двајцата разговарале и за натамошно унапредување на трговската соработка, елиминирање на царинските бариери, подобро користење на ЦЕФТА механизмот и заеднички настап на трети пазари. Освен економската соработка, позитивно бил оценет и развојот на политичките односи меѓу двете земји, како и полициската соработка, особено во делот на борбата против илегалната имиграција.
Слично
