Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски му возврати на Венизелос: Секој добронамерник е добредојден во Македонија!

Попоски му возврати на Венизелос: Секој добронамерник е добредојден во Македонија!
Македонска традиција е секој добронамерник да биде примен и испочитуван - вака шефот на македонската дипломатија Никола Попоски возврати на најавите на неговиот грчки колега Евангелос Венизелос дека има намера, во својство на претседавач со ЕУ, да ја посети земјава. „Дотолку повеќе кога станува збор за сосед. Немаме дилема дека само со отворена мисла и искрен дијалог можеме да се зближуваме. Тоа ни треба и за наше и за нивно добро“, оцени Попоски. Венизелос во обраќањето пред Европскиот парламент синоќа најави оти има намера да ја посети Македонија, но со себе ќе ги донесе и „грчките црвени линии“ во спорот околу името. „Грчкото претседателство ќе ги имплементира заклучоците од декемврискиот состанок на Европскиот совет. Како претседавач подготвен сум во наредните денови да ги посетам сите земји во регионот, вклучувајќи го и Скопје, без никаква разлика или дискриминација, и ќе имаме можност за дискусија меѓу претседателството на Советот и Владата на ПЈРМ“, кажал Венизелос. Тој пред европратениците ги повторил и грчките „црвени линии“ во однос на спорот за името, оценувајќи ги како „умерени и разумни“.  
Слично

Поврзани вести