Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски:Македонија ќе излезе посилна по завршување на овој кризен период

Попоски:Македонија ќе излезе посилна по завршување на овој кризен период

Република Македонија ќе излезе посилна и постабилна држава по завршување на овој кризен и полн со предизвици период, како од внатрешен така и од надворешен план, и ќе биде членка на Европската унија, кажа министерот за надворешни работи,  Никола Попоски денеска во Брисел.

„И во вакви комплицирани времиња има луѓе во рамките на самата ЕУ кои сакаат да упатат јасна порака дека ветувањата кои се пратени уште од 2003-та година дека целиот Балкан ќе биде дел од ЕУ, ќе бидат исполнети. Веројатно тоа нема да се случи утре и без тешкотии во тој процес. Затоа е значајно да ги слушнеме тие гласови на разум, дека проширувањето на ЕУ е веројатно најдобриот и најуспешниот мировен проект, кој било кога се случил во рамките на Европската унија“ - изјави Попоски.

Владеењето на правото,  сузбивање на корупцијата, економската стабилност, мигранската криза се темите на кои денеска дебатираа европските претставници од народните партии. Пораките кои ги упатија се однесуваат на тоа да се подобри политичкиот дијалог со партнерите од Западен Балкан, државите да се оценуваат на индивидуална основа, земјите партнери да ги реализираат потребните реформи, но и да се зајакне регионалната соработка.

Слично

Поврзани вести