Попоски-Коѕијас: Ќе се унапредуваат билатералните односи меѓу Македонија и Грција
Министерот за надворешни работи Никола Попоски веќе втор ден е во Солун каде учествува на Заеднички состанок на Министрите за надворешни работи со коелгите од Албанија, Бугарија и Грција.
На состанокот досега се дискутираа теми од областа на бегалско-мигрантската криза, граничното управување, можностите за намалување и спречување на организираното илегално преминување на границите на мигрантите и трговијата со луѓе.
Попоски се сретнал со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас со кога разговарале за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција и зајакнување на соработката во справувањето со заедничите предизвици како што е мигрантската криза.
Непознато е дали спорот за името се нашол како теме во разговорот меѓу двајцата претставници.
Покрај министрите, на состанокот предвидено е и присуство на високи претставници на Холандското претседавање со Советот на Европската Унија и на Европската комисија.
Слично
