Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски-Коѕиас: Подготвеност за соработка и неопходен отворен дијалог

Попоски-Коѕиас: Подготвеност за соработка и неопходен  отворен дијалог

Била укажана подготвеност за соработка на сите полиња и неопходност од отворен дијалог за наметнатото прашање, во согласност со меѓународното право, преземените обврски и почитување на основните човекови, но и демократските права на секоја суверена држава, соопштуваат од кабинетот на министерот.

„Политиката на изговори, уцени и држење во заложништво не ги одразува вредностите зад кои стои Европа“ , констатирал Попоски во оваа пригода.

Констатирно било дека предуслов за напредок е да се излезе од матрицата на истакнување изговори за блокади во секоја пригода во ЕУ контекст.

„Постои долга историја на барање на изговори за ненадминување на спорот и продолжување на нелегални блокади.

Изговорите имале различна форма: наводно исполнување на стандарди,  креирање на впечаток на неединство, или стравување од иредентизам, ипреокупираност со економски предизвици.

Која и да била формата, суштината останува да се одложи решението  и  да се нанесе штета преку затворање на Европската перспектива.

“ Корисно ќе биде за сите страни да се напушти оваа матрица и да се искористи потенцијалот за соработка меѓу две соседни земји", заклучил Попоски.

Во овој контекст, размислувањата за градење на билатерална доверба се секако корисни. Но не смее да бидат замена за почитувањето на меѓународните обврски и принципите содржани во Повелбата на ООН.

Слично

Поврзани вести