Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски:Ќе соработуваме за спречување на нелегална миграција и инциденти

Попоски:Ќе соработуваме за спречување на нелегална миграција и  инциденти

Крајно време е да упатиме некоку значајни пораки во однос на справување со мигрантската криза, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски на денешниот министерски состанок во Солун.

Состанокот се одржува на иницијатива на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, а учествуваа и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати. Попоски вели дека четирите земји ќе соработуваат за спречување на нелегалната миграција и избегнување инциденти како оние што се случуваа неодамна.

„Подолго време имаме комуникација, сметаме дека грчките власти ќе имаат дефинитивно интерес од дислоцирање на големата маса на беглаци кои се на самата грчко-македонска граница, каде има повеќе од 20.000 луѓе. И тоа најмалку од две причини: првата е хуманитарна, бидејќи оние услови кои ги видов на границата навистина се субстандардни. Втората е безбедносна, бидејќи во камповите за сместување ќе имаат дефинитивно посигурни и подобри услови. Но, не смееме да дозволиме поради тековната криза да страда една многу позначајна цел, а тоа е зголемување на довербата меѓу Грција и Македонија и излез од оној ќорсокак во кој сме влезени веќе долг временески период“ - изјави министерот.

Закажани се и одвоени билатерални средби на Попоски со грчкиот и бугарскиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и Даниел Митов.

Слично

Поврзани вести