Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски:Ја спроведуваме одлуката на Европскиот совет, границата ќе остане затворена

Попоски:Ја спроведуваме одлуката на Европскиот совет, границата ќе остане затворена

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски изјави во интервју за парискиот весник  „Фигаро“, дека Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и ЕУ, без притоа да напредне на тој пат со што само се разгорува политичката криза.

Евакуацијата на кампот во Идомени за Попоски е најдоброто решение. Според него ова ќе дозволи да се намали затегнатоста на Македонија со Атина и приливот на илегални мигранти.

„За нас, сите кои насилно ќе ја поминат границата се илегалци“- вели Попоски.

На прашањето дали границата ќе остане затворена, Попоски е категоричен дека државата ја спроведува одлуката на Европскиот совет. Попоски ги отфрла обвинувањата дека Македонија користела гумени куршуми, тука употребила само солзавец при обидите на мигрантите насила да ја поминат границата.

За кризата во Македонија и секојдневните протести, и како да се излезе од неа, Попоски вели дека најдобриот начин е преку избори.

„За тоа има договор меѓу четирите водечки политички партии, но тие беа одложени на два пати бидејќи социјалдемокартите, главната опозициска сила гледа дека испитувањето на јавното мислење не им е наклонето. Кога ќе бидат подготвени, ќе го спроведиме политичкиот договор, кој предвидува техничка влада сто дена пред изборите“- вели тој.

На прашањето за  „Шарената револуција и аболицијата од претседателот за осомничените по скандалот со прислушувањето, министерот одговори дека сите политички партии ја критикуваа одлуката на претседателот и дека Парламентот изгласа можно поништување на помилувањата и дека истрагата на специјалниот обвинител продолжува.

Слично

Поврзани вести