Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: Индонезија е заинтересирана за инвестиции во Македонија

Попоски: Индонезија е заинтересирана за инвестиции во Македонија
Индонезијците се интересираат за инвестирање во Македонија, а наскоро се очекува нивна бизнис делегација да ја посети Македонија,  изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој престојува во Џакарта на средба со високиот владин врв и со челниците на индонезиската економија.

„Денешните средби донесоа нови елементи околу потенцијалот за развој на нашите односи. Во моментов трговската размена е релативно ограничена, некои стотина милиони долари на годишно ниво, но само во еден правец. Разговаравме за можноста да се избалансира оваа размена, односно да го отвориме индонезискиот пазар за македонски производи и воедно да ги изнесеме можностите за инвестирање во Македонија. Тоа што го добивме од овој прв контакт и прва посета на министерско ниво во Индонезија е дека ќе имаме бизнис-делегација која ќе ја посети Македонија и дека постои огромен интерес за истражување на можностите. Се работи за еден огромен пазар, 250 милиони луѓе кој е отворен и во кој има голем потенцијал за натамошен развој“, истакна Попоски.

 
Слично

Поврзани вести