Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски и Нуланд разговарале за соработка во борбата против тероризмот

Попоски и Нуланд разговарале за соработка во борбата против тероризмот
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на маргините на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, разговарал со американскиот помошник-државен секретар за Европа Викторија Нуланд. Состанокот бил посветен на борбата против тероризмот на Балканот, информира МНР. Притоа, според Попоски, на средбата станало збор за тоа како балканските земји, вклучително и Македонија можат да помогнат за справување со растечката закана од исламистичките закани. Македонија е и еден од коспонзорите на резолуцијата на Советот за безбедност, со која членките на ОН се обврзаа да не дозволат заминување на нивните граѓани во странски терористички групи. Земјава е меѓу 50-тината земји и организации кои се приклучија на меѓународната коалиција предводена од САД за борба против Исламската држава, иако нејзиниот конкретен придонес допрва ќе се утврдува. Според МНР, Попоски и Нуланд разговарале и за последната изјава на новоназначениот американски амбасадор во земјава Џес Бејли, во која тој наместо „Македонци“ го употрени терминот „Словени“ и која беше причина за вербална протестна нота од Македонија за САД. Нуланд го уверила Попоски дека не станува збор за никаква промена на американскиот став кон Македонија и македонскиот идентитет и дека предложениот амбасадор Бејли немал намера да изрази став по тоа прашање.
Слично

Поврзани вести