Попоски и Бесими во Брисел
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска заминаа за Брисел, во дводневна посета на европските институции.
„За време на посетата ќе се оствари заедничка средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, каде ќе се разговара за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) како и понатамошно продолжување на истиот. На состанокот исто така ќе се разгледаат перспективите на европскиот интегративен процес на Република Македонија во 2014 година. Се предвидуваат и други средби со високи претставници од европските институции“, соопштуваат од МНР.
Од Кабинетот на Бесими, пак, информираат дека тој ќе се сретне и со известителот во Европскиот парламент Ричард Ховит, каде ќе го информира за последниот напредок во клучните реформски области.
Во Брисел денеска е шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, кој од таму порача дека има намера наскоро да ја посети Македонија, но со себе ќе ги понесе и грчките црвени линии за името. Попоски му возврати дека во земјава е добродојден секој добронамерник.
Слично
