Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПОСКИ-ХАН: Без успешни избори нема поддршка за преговори!

ПОПОСКИ-ХАН: Без успешни избори нема поддршка за преговори!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, вчера престојуваше во еднодневна посета на Брисел.

Од разговорот на Попоски со првите луѓе на дипломатските служби на ЕУ станало јасно дека нема отпочнување на преговорите на претстојниот самит кој ќе се одржи овој мецес.

Како што јавува МИА, комесарот Хан изразил задоволство од развојот на состојбите во земјава. Тој ветил поддршка за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ но доколку се спроведат фер и успешни априлски избори.

Министерот Попоски истакнал дека на средбата се разговарало за надминатите политички препреки и постигнатиот дијалог со партиите во неколку сфери.

Тој констатирал дека со она што досега е постигнато ЕУ ќе може полесно оваа година да започне преговори со нашата земја.

Шефот на дипломатијата додал дека сега сите очи се насочени кон имплементација на успешни избори во април 2016 и дека истите се приоритет и услов за препораката на ЕК за Македонија .

Слично

Поврзани вести