Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: ЕУ не може да влијае врз Грција во однос на Македонија

Попоски: ЕУ не може да влијае врз Грција во однос на Македонија
Никој во Европската Унија не може да влијае Атина да престане да ја блокира нашата земја на европскиот пат, вели за МИА министерот за надворешни работи Никола Попоски кој  денеска во Брисел се сретна со европратениците Ричард Ховит, Чарлс Тенок и Едвард Кукан. Поповски вели дека сите во Брисел ја споделуваат оценката дека никој од актерите нема влијание врз процесот на носење на одлуки во Грција. „Со сите соговорници со кои разговаравме на темата Европскиот совет да додели датум за почеток на преговорите со Македонија, тие не чувствуваат можност да се убеди Грција дека е корисно да ги започнеме преговорите и мислам дека оваа позиција на Атина е многу јасна, клучна детерминанта што влијае врз носењето на одлука за почеток на преговори. Минатите циклуси видовме дека имаше придвижување и напори да се убеди Атина, но оттаму немавме позитивен одек. Согледувањата на сите кои се внатре во системот на европските институции е дека таму не постои подготвеност за придвижување во овој правец“, изјавил Попоски за МИА. Попоски смета дека сме во фаза во која практично сите соговорници се свесни дека потешкотиите во кои Грција се наоѓа се доволно голем товар за нив да не се занимаваат со ниту едно друго прашање. Од друга страна, вели тој, пораките што ни се упатени од Атина се дека немаат волја да покажат поголемо ниво на конструктивност. „Најважно ни е тоа да биде видливо и да имаме што е можно повеќе змеји-членки на ЕУ кои ќе бидат запознаени со реалниот напредок во Македонија“, рече македонскиот шеф на дипломатијата кој повтори дека земјава имаме напредок во сите оние поглавја што беа дефинирани во Пристапниот дијалог на високо ниво.
Слично

Поврзани вести