Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски бара старт на преговорите со ЕУ

Попоски бара старт на преговорите со ЕУ
Македонија треба да биде дел од Европската Унија, а за тоа не треба фактор да биде справувањето со мигрантската криза, туку седумте последователни препораки од Европската Комисија и спроведените реформи, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во Стразбур. Порача дека треба да се стави крај на задоцнетата реакција во однос на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, при своето обраќање на состанокот на Паневропската Унија. За бегалската криза Попоски истакна  дека Македонија е специфичен случај, затоа што бегалците доаѓаат од територија на земја членка на ЕУ, Грција, во земја која што не е ЕУ членка, Македонија. -„Имаме добра соработка со Грција. Tаа ни е соседна земја и сакаме да и помогнеме. Со или без членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, секогаш ќе и помагаме на Грција, особено кога станува збор за еден ваков европски проблем. Нашата држава ќе продолжи со хуманиот третман на мигрантите, системот на регистрирање и спречување на илегална миграција. Република Македонија делува во согласност со европските политики и принципи и сака да биде дел од европското семејство. ЕУ не би била ЕУ доколку не им обезбеди безбедно небо на оние на кои што најмногу им е потребно“ - изјави министерот. Повеќе европратеници ја реафирмираа поддршката за Република Македонија за евроинтергативниот процес, потенцирајќи дека земјата заслужува целосна поддршка и соработка од ЕУ.
Слично

Поврзани вести