Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите во Карловац се гледаат од вселената

Поплавите во Карловац се гледаат од вселената

Сателитска снимка  покажува каква е состојбата од поплавата околу хрватскиот град Карловац. 

Поплави има од Грачац и Обровац до Банија. Како што е вообичаено со високите водостои, поплавено е и подрачјето на Карловац, град што лежи на четири реки. Поплавите во областа се толку изразени што може да се видат и од вселената.

Нови региони во државата прогласија вонредна состојба по обилните дождови. Следните 24 часа се критични за Петриње и Сисак каде се очекува нивото на водата да достигне неколку метри над дозволените граници. Водостојот на реката Купа кај Петриња утрово изнесувал 972 сантиметри, а стравувањата се дека уште ќе расте. Во Бихач во Босна и Херцеговина (БиХ), трисетина објекти беа поплавени. Поплави кои однесоа жртви има во Италија. 

Слично

Поврзани вести