Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите уништија 250 хектари земјоделско земјиште во Тетово

Поплавите уништија 250 хектари земјоделско земјиште во Тетово

Невремето и обилните врнежи најголеми штети направија во тетовскиот регион. Покрај поплавените објекти, уништени се над 200 до 250 хектари земјоделска површина, оцени денеска ресорниот заменик министер за земјоделство Ванчо Костадиновски.

,,Состојбата е многу тешка и трагична. Земјоделците претрпеа огромни штети. Наскоро ќе биде извршена реална и објективна проценка на штетите и како што беше владината одлука за ургентна помош од 30.000 денари за оштетените домови, ќе биде определена и помош за првично обесштетување на земјоделците од уништените парцели, како и уништената сточна храна, други посеви, стока“, изјави Костадиновски.

Поплавени се ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка особено во Голема Речица.

Слично

Поврзани вести