Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите се закануваат да го остават Дубровник без вода за пиење!

Поплавите се закануваат да го остават Дубровник без вода за пиење!
Поплавите предизвикани од поројни дождови создадоа проблеми во водоснабдувањето во Дубровник и се закануваат со недостаток на вода за пиење. На денешниот состанок на градоначалникот на овој град Андре Влахушиќ со кризниот штаб било договорено итно да започне изградба на прочистувач за водата на реката Омбла за трајно да се реши проблемот со прекумерно заматување на водата за време на обилни дождови. Во подготовка е документација со која за овој проект вреден околу 50 милиони евра ќе се бараат средства од европските фондови.  Додека трае процедурата, ќе биде поставена монтажна пречистителна станица. Заради поплавите и дождовите, водата не е погодна за пиење и во неколку општини во околината на Сплит. Прекини во водоснабдувањето има и на подрачјето на Шибеник. Водата не смее да се употребува за пиење, готвење ниту за лична хигиена, заради непријатен мирис и заматеност.  
Слично

Поврзани вести