Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите ја однесоа првата жртва во Бања Ковиљача!

Поплавите ја однесоа првата жртва во Бања Ковиљача!

Маж стар 65 години се удавил во подрумот од својата куќа во Бања Ковиљача кога влегла голема количина на вода предизвкана од обилните вренежи.

Како што се наведува во соопштението на тамошните органи, несреќата се случила кога во подрумската просторија на куќата влегла поголема количина на вода после обилните дождови кои синоќа го зафатиле ложничкиот крај.

Сопругата на настраданиот за несреќата ги известила припадниците на полицијата кои веднаш излегле на лице место, но единствено што можеле да констатираат е смрт.

Инаку, Градскиот штаб за вонредни состојби во Лозница донесе наредба за вонредна одбрана од поплави бидејќи интензивните дождови и врнежи се пропратени со грмотевици и синоќа предизвикале поплава долж коритото на реката Шитра, а причинета е и голема материјална штета на инфраструктурата, станбените објекти и на многу куќи.

Невремето кое синоќа го зафатило Лозница довело до излевање на потоците во Бања Ковиљача, Трбушница, Вочнјак, Пасковац, Јадранска Лешница, Чокешина е објавено на сајтот на градот.

Слично

Поврзани вести