Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите ги скараа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Едни бараат проценки на штети, другите велат се работи на нив!

Поплавите ги скараа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Едни бараат проценки на штети, другите велат се работи на нив!

Поплавите кои изминатиов месец го зафатија штипскиот регион и повеќе други региони ширум земјава се повод за нови препукувања помеѓу владеачката и опозициската партија.

Имено, од СДСМ денеска велат дека состојбата со поплавите е далеку од нормализирана. Тие бараат  Владатаитно да обезбеди доволно средства за санација и обештетување на сите погодени од поплавите.

- СДСМ апелираше до власта веднаш да започне со процедурите за аплицирање до Фондот за солидарност на ЕУ наменет токму за вакви природни непогоди. Дополнително, СДСМ предложи пренамена на околу 7 милиони евра, наместо за барокни фасади, да им се доделат на поплавените граѓани. Власта на Никола Груевски ништо од ова не прифати со што покажа целосна негрижа за основните потреби на поплавените граѓани. Барањето на Владата за пренамена на ИПА фондовите за заштита од поплавите е елементарно непознавање на инструментите на ЕУ. ИПА е инструмент за претпристапување, а не инструмент за решавање катастрофи. Во интерес на јавноста, Владата е должна да одговори дали го обнови своето членство во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дали планира да го искористи овој механизам за доброто на оштетените граѓани? Бидејќи до ноември 2014 тоа не беше направено. Поплавите немаше да се случат или барем не во таков размер доколку Владата не преземеше соодветни мерки за заштита и превенција. Каналите и речните корита не се исчистени повеќе од 10 години, не се изградени системи за наводнување и одводнување.Со сето ова Владата на Груевски покажа целосна негрижа за граѓаните. Но, сега нема време за чекање. Мора да им се помогне на поплавените граѓани изјави денеска во Штип Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека пред опозицијата да излезе во јавноста со некаква наводна загриженост и препораки би требало барем малку да се информира.

Потенцираат дека  општинските комисии веќе работат на проценките на штетите, екипи и механизација веднаш беа и се уште се вклучени во санирање на последиците и  дека Владата веќе се обратила до Европската комисија за обезбедување на помош за справување од последиците од поплавите од каде што е добиена информација дека во рамките на регионалните ИПА фондови има можност за добивање на финансиска помош.

Тие истакнуваат дека Владата и Министерството за земјоделство преземале и други мерки за санирање на состојбите во загрозените региони. Исплатата на субвенциите се одвива редовно,а минатата недела беа исплатени сите лозари и поледелци кои ги исполнуваат условите,освен мал број земјоделци кај кои се вршеше редовната контрола, велат од владеачката партија.

И порачаа на СДСМ  да не зборува за неисчистени канали и изградба на системи за наводнување . „Тие не само што не ги чистеа каналите, туку и ги запуштија веќе постоечките системи,а вработените од водостопанските претпријатија ги оставија на улица. За разлика од нив,оваа Влада секоја година без разлика дали е сушна или врнежлива чисти по 140 километри каналска мрежа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести