Поплави во западна Грција, луѓето се евакуираат
Евакуација има од поплавени куќи во западна Грција.
Повеќе десетици граѓани по наредба на властите се евакуирани од поплавените куќи во западниот дел од Грција денеска, неколку дена откако седум луѓе ги загубија животите на Халкидики, на северот.
Поплавите по последната бура ги оштетиле патиштата во близина на градовите Нафпактос и Патра, а главниот пат беше затворен неколку часа. Засега нема извештаи за повредени или исчезнати.
Седум лица, од кои шест туристи и две деца, загинаа, а повеќе од стотина беа повредени во четвртокто кога бурата го погоди полуостровот Халкидики.
Во рок од неколку дена Грција ја погоди невреме, земјотрес, а сега имаат и поплави.
Слично
