Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Се трага по седум луѓе, меѓу кои има и четири деца

ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Се трага по седум луѓе, меѓу кои има и четири деца

Седум исчезнати има по поплавите во Турција.

Има потрага по исчезнатите во северозападната провинција Дузџе во Турција, објави агенцијата „Анадолија“.

Досега, 219 лица се извлечени во месностите Акчакоџа и Џумајери, а меѓу последните седум исчезнати има и четири деца.

Околу 135 луѓе се сместени во шелтери, а операциите за потрага и спасување ќе продолжат и понатаму.

Потрагата е фокусирана по должината на брегот од реката долга 21 километар, изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.

„Сите жители заробени во селата беа извлечени со помош на хелихоптери. Успеавме да донесеме храна и засолниште за речиси сите региони“, вели Сојлу.

Силните врнежи доведоа до лизгање на земјиштето, а со тоа беа блокирани и патиштата до селата.

Слично

Поврзани вести