Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави во централна Албанија, наставата во прекин

Поплави во централна Албанија, наставата во прекин
Во централна Албанија се поплавени стотици хектари обработливо земјиште. Три реки се излејале од своите корита во регионот Круја и ги поплавиле селата Мургина, Малкуч и Махал, каде училиштата не работат заради новонастанатата состојба. Поплави има во регионот на Драч, каде под вода се стотици домови и јавни згради. Поплавени се и плажите во  Спиталија и Ништулија. Под вода се наоѓаат патишта и обработливо земјиште, а се смета дека причина за поплавите се нечистите земјоделски канали. На Балканот поплави има во Србија, БИХ, а еден старец во Косово се удави во надојдените води.
Слично

Поврзани вести