Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави во Словенија: Под вода повеќе стотици куќи, Драва и понатаму расте!

Поплави во Словенија: Под вода повеќе стотици куќи, Драва и понатаму расте!

Поради силните дождови и надојдените водотеци во текот на изминатата ноќ во средишните и западните делови на Словенија водата продре во неколку стотици куќи, а на истокот дошло до излевање на Драва на подрачјето помеѓу Марибор и границата со Хрватска, објавија денеска словенските медиуми.

Поради поплавените патишта и клизишта многу места во Словенија се непроодни.

Според податоците на животната средина во Корушко нивото на Драва се зголемило и сега го спречува излевањето на реката Меже која во помала мера започнала да ги поплавува бреговите. Нејзинот проток на влезот од Австрија во Словенија во моментот е 1700 кубни метри во секунда и се очекува и понатаму да расте.

Многу се зголемени нивоата на реката во средна Словенија и приморјето. Поплавени се и повеќе куќи во Љубљана, Церкници и во општина Иг кај Љубљана. Според информациите на државната Агенција за животна средина нивото на реката Сава почнува да се смирува но и понатаму расте  во делот кон Хрватската граница.

Поради опасноста од поплавите во Словенија и понатаму постои режим на подготвеност за околу 60.000 припадници на цивилната заштита.

 
Слично

Поврзани вести