Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави во БиХ: Во Тузла прогласена состојба на природна катастрофа

Поплави во БиХ: Во Тузла прогласена состојба на природна катастрофа

Поројните дождови кои ја зафатија земјата, особено во централните делови на Босна и Херцеговина предизвикаа излевање на водата од речните корита и активирање на лизгање на земјиштето.

Во Тузла е прогласена состојба на природна катастрофа по обилните дождови во областа, бидејќи поплавите направиле голема матријална штета.

Од невремето поплавени се куќи, урнати мостови и уништени патишта.

Од цивилната заштита велат дека десетици лизгања се активни, а поради најавите на нови дождови во наредните денови реално е да се очекуваат други нови свлечишта.

Како што јавуваат локалните медиуми, голем број локални и регионални патишта биле блокирани поради излевање на водата, но и поради лизгање на земјиштето.

Фото dnevnik.ba

Слично

Поврзани вести