Поплави во Албанија-урнати неколку мостови
Неколку мостови однесоа поплавите во Албанија предизвикани од обилните и интензивни дождови кои паѓаат во последниве неколку денови. Во селото Нграце, кај градот Малакастра, е регистирано и големо свлечилиште од кое се оштетени повеќе куќи.
Локалните власти потврдија дека при масовното лизгање на земјиштето се оштетени најмалку 12 куќи, од кои шест се речиси целосно урнати. При оваа елементрана непогода нема жртви, а властите преземаат мерки за сместување на лицата кои останаа без покрив над главата.
- Големото лизгање на земјиштето предизвика голем потрес и во другите делови на селото. За среќа, нема жртви. Апелираме до остнатите жители на оштетените куќи да ги напуштат објектите, изјави албанскиот министер за транспорт и јавни работи, Сокол Олдаши, додавајќи дека се е подготвено за евакуација на жителите чии куќи се оштетени, како и за оние кои се во близина на свлечилиштето.
Надојдена река урна мостот кај тиранското село Голема Пеза, отсекувајќи ги неговите жители, бидејќи тој им беше единствена врска со светот.
Поплавени населби има во повеќе делови на Албанија, посебно на подрачјата на Фиер, Драч, Елбасан, Валона, Ѓирокастро и Скадар.
Слично
