Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Се удавија луѓе меѓу кои и деца

ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Се удавија луѓе меѓу кои и деца

Најмалку четири лица, од кои две се деца, загинаа во поплави во источна Романија. 

Спасувачите ја пребарале реката и ги извлекле телата на две 58-годишни жени, четиригодишно момче и седумгодишно девојче. Обидите за нивна реанимација завршиле безуспешно.

Вест ја објавија денеска романските власти.

Инспекторатот за вонредни состојби истакна дека се работи за две постари жени и нивните внуци кои во моментот на надоаѓањето на водата се наоѓале во запрежно возило.

Слично

Поврзани вести