Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ: Ќе мора да се евакуира цел Обреновац!

ПОПЛАВИ: Ќе мора да се евакуира цел Обреновац!
Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва соопшти дека ќе мора да се евакуира цела општина Обреновац. Нивото на реката Колубара и натаму расте, па вечерва биле поплавени сите делови на оваа општина со околу 20.000 жители, која е дел од Белград. Дождот и натаму паѓа, а нивото на водата непрекинато расте, па затоа е најавена целосна евакуација на граѓаните со помош на хеликоптери и чамци. Општината е целосно затворена и полицијата никому не дозволува влез во Обреновац. Вучиќ нагласи дека ситуацијата во оваа општина е катаклизмична и оти има и нови жртви во поплавите. Според пописот од 2002 година, во Обреновац живеат и 75 Македонци.
Слично

Поврзани вести