Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави и вонредни состојби во јужна Србија

Поплави и вонредни состојби во јужна Србија

Наглото топење на снеговите и обилните врнежи предизвикаа поплави во јужна Србија. Јужна Морава и неколку помали реки се излеаа и поплавија десетици хектари и повеќе села, но се најавува дека водостојот во долниот тек на Јужна Морава ќе расте и во следните 24 часа. Најтешко е погоден Владичин Хан, каде се евакуирани и 34 лица, тешко погодено е и Врање, а во општините Босилеград и Трговиште е прогласена вонредна состојба.

srbija poplava1

Според српските медиуми прекинало да врне, но поради повлекувањето на водата во некои општини се очекуваат одрони и клизишта.

Делови од јужна Србија останаа и без електрична енергија.

Според началникот на Пчинскиот регион Славиша Булатовиќ речиси сите општини во на југот од Србија се борат со последици од поплавата.

„Состојбата е лоша во сите општини, но добро е што нема жртви“, вели Булатовиќ и најави дека од понеделник ќе се ангажира и Комисија која ќе процени колкави се штетите.

poplava srbija

Во прекин е и сообраќајот од Ниш кон македоснката граница.

Според временските најави во Србија се очекува да падне снег што, според надлежните, треба позитивно да влијае на состојбата.  
Слично

Поврзани вести