Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави и штети во Косово и Хрватска

Поплави и штети во Косово и Хрватска

Обилни врнежи од дожд имаше во Косово и Хрватска, при што поплавите направија голема материјална штета. 

Погодени се општините Ѓаковица и Ораховац.  Портпаролот на косовската полиција за регионот на Ѓаковица Шеремет Елезај за Радио Слободна Европа изјави дека во овие две општини се оштетени неколку куќи и автомобили, додека граѓаните засега се безбедни.

Невремето не ја одмина Хрватска. Метеоалармот предупредува дека делови од земјата денеска се во црвена зона. Времето е исклучително опасно во Кварнер и на западниот брег на Истра. Целиот брег, Далмација и регионот Госпиќ се во портокалова зона, а копнениот дел е во жолта.

Во Словенија и Хрватска падна снег. 

Слично

Поврзани вести