ВИДЕО: Поплавени повеќе српски градови
Под вода се општините Чачак, Ариље и Лучани, а во Горни Милановац, Прибој и Нови пазар се евакуирани голем број луѓе.
Поради обилните врнежи поплавени се домови, имоти, патишта, училишта и други објекти. Состојбата во повеќе региони во Србија е критична. Едно од најпогодените подрачја е Чачак. По сливот на реката Чемерница досега се евакуирани околу 400 луѓе. Населбата е без снабдување со електрична енергија. Поплавени се куќи, подруми, има и одрони, а жителите стравуваат од лизгање на земјиштето.
Од Секторот за вонредни ситуации велат дека Белград не е загрозен. Припадниците на Секторот за вонредни ситуации на МВР заедно со останатите надлежни служби постојано ја следат состојбата на теренот.
https://youtu.be/EqmgHm8XQNs
[embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/EqmgHm8XQNs[/embed]
Слично
