Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВЕНИ КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ НА ИСТРА, ГОРСКИ КОТОР ПОД СНЕГ: Невремето во Хрватска некаде донесе поројни дождови, некаде снежни навеви

ПОПЛАВЕНИ КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ НА ИСТРА, ГОРСКИ КОТОР ПОД СНЕГ: Невремето во Хрватска некаде донесе поројни дождови, некаде снежни навеви

Силниот дожд кој од вторник наутро паѓа во Пула веќе ги има првите последици. Пулската ривиера е веќе поплавена, а не е поволна ниту плимата, поради што морето се излева на брегот, пишува Глас Истре.

Сообраќајот се одвива доста отежнато и дефинитивно се препорачува максимална внимателност. Видливоста е намалена, автомобилите лесно се лизгаат и тешко застануваат.

IstraIn пишува дека високото ниво на морето го поплави центарот на Ровињ, а проблеми има и во Пореч. Во Ровињ морето го поплави градскиот плоштад и брегот, поради што сообраќајот на брегот на Ровињ е забранет за сите возила.

Водата стигнала и до некои кафулиња и ресторани, но како што дознаваат од командирот на ЈВП Ровињ Евилијан Гашпиќ, се уште не добиле повици за помош за можно испумпување.


Крес исто така беше потопен утрово.

Според прогнозата, ваквото време би требало да трае во поголем дел од денот. Најмногу врнежи се очекуваат во утринските часови, но подоцна би требало да бидат помали. За среда, за среќа, во прогнозата нема врнежи од дожд или ќе има многу малку.

А бурниот југ на Јадранот, најавен како најсилен годинава, веќе прави големи проблеми на море, а во комбинација со дожд и на копно.

Како што пишува Слободна Далмација, дури 14 линии на траект и катамаран моментално се суспендирани или веќе се откажани, па некои острови како Вис, Ластово и помали острови во областа Задар и Шибеник се отсечени од копното.

Горски Котор, пак е под нова снежна покривка, а жителите се надеваат дека нема да направи поголеми проблеми.



Слично

Поврзани вести