Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплава во Тетово, се излеа реката Пена

Поплава во Тетово, се излеа реката Пена

Поплавени возила и високи наноси од вода и кал е моменталната слика во Тетотово, после невремето што попладнево ја зафати Македонија.

Поради поројните дождови и зголемениот водостој се излеа и реката Пена.

Граѓаните на Тетово алармираат дека куќите на луѓето кои живеат во ромската населба покрај реката Пена, се целосно поплавени и во моментов ним им е најмногу потребна помош.

Поради обилни врнежи Регионалниот пат Тетово-Јажинцеи и патниот правец Тетово-Попова Шапка се во прекин.

Инаку, попладнево и Прилеп и Пелагодинаја беа погодени од водената стихија. Паркови, улици и игралишта во Прилеп неколку часа беа под вода.

Слично

Поврзани вести